Два месеци не слушаме ништо за „Лајка“, кучињата-скитници напаѓаат ли напаѓаат…

„И покрај скептиците проектот успеа, отворањето после избори“ вака скопскиот градоначалник Петре Шилегов ја најави „Лајка“ – стационарот за бездомни кучиња, на 17 јуни. И толку. Веќе за „Лајка“ не се спомена, а денеска сме 23 август.

Во меѓувреме не престануваат нападите од кучиња- скитници. Ги има во речиси секој билтен на МВР. Последното инфо е во вчерашниот – кој се однесува за инциденти од петокот.

-Вчера во 12:30 часот во полициската станица Аеродром, Б.Б.(57) од Скопје пријавил дека на мостот „Близнак” бил каснат од куче скитник. Подоцна, во 12:50 часот Р.О.(64) од Скопје пријавила дека на бул.„Видое Смилевски Бато” во Скопје, нејзината ќерка Б.О.(36) била касната од куче скитник, информираат од МВР.

Колкав капацитет реално ќе има „Лајка“, кога точно ќе стартува, на кој начин ќе се згрижуваат бездомните кучиња, и по 2 месеци од најавата останува непознато.

Претходна вестФилипче: Санкции за одговорните за еклатантно прекршување на протоколите за заштита на концертот на Петар Грашо во Хераклеа
Следна вестСе затвора фестивалот „Прво па женско“