Фудбалерките поразени од Грузија и во вториот натпревар

Женската репрезентација на Македонија забележа уште еден пораз од соодветната селекција на Грузија. во рамките на вториот контролен натпревар што го одиграа овие две селекции.

Избраничките на селекторот Кирил Изов беа минимално поразени со 1:0.

Двете репрезентации одиграа добар натпревар, со многу трчање и борба на средината на теренот. Македонија имаше неколку добри прилики за постигнување на погодок, но немаше реализација.

Селекцијата на Грузија единствениот погодок на денешната средба го постигна преку Татуашвили во 17. минута од првиот дел.

Претходна вестОд петок нема гарантирани цени, но ќе има казни за секое нелогично зголемување на производите, најави Битиќи
Следна вестПопов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави