Казнети 247 несовесни возачи во Скопје, 17 возеле без возачка, 84 пребрзо…

Голема бројка на возачи низ скопските улици во текот на вчерашниот ден „заработија“ казна бидејќи не ги почитувале сообраќајните правила и прописи. 247 возачи се санкционирани, а најголем дел од нив се за возење со брзина над дозволената и за  непоседување на возачка дозвола.

– Во текот на вчерашниот ден при контрола во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки од кои, 84 за возење повеќе од дозволената брзина, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 3 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. 8 за користење мобилен телефон при возење, 3 за возење без сигурносен појас, 6 за возење под дејство на алкохол, 8 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 4 за недавање првенство на минување на пешаци, 3 за непрописно престигнување и обиколување…, се вели во соопштението на МВР.

Најавени се сообраќајни контроли и во текот на следните денови.

Претходна вестМасакар во седиштето на Јеховините сведоци во Хамбург, убиени неколку лица
Следна вестМногу министри му се изнаредија на болното здравство, ќе биде ли излекувано?