Темен режим Режим на светлина

Приведен разбојникот кој поради „тешка кражба“ беше баран со потерница

Оперативниот тим за потраги при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден во с.Баница, струмичко, го лиши од слобода триесет годишниот Е.Х. од Скопје. Осомничениот беше баран со потерница поради извршена „тешка кражба“.

– Вчера околу 16 часот во с.Баница, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Многу министри му се изнаредија на болното здравство, ќе биде ли излекувано?

Следна објава

Фондот за иновации потрошил над милион евра за хонорарци и експерти, кои биле примани без критериуми