Не патувајте ако немате голема потреба: На патиштата има остатоци од снег и мраз, забрани за товарни возила

Врнежи од снег со променлив интензитет проследени со северен ветер се бележат на целата територија на државата, поради што сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози, на кои има остатоци од кашест снег.

Поради ниските температури наместа е можна појава на мраз. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и засеци можна е појава на поситни одрони.

Поради снегот забрана за движење на тешки товарни возила има на повеќе патни правци, а најновата е од утрово од 8.30 часот на патниот правец Тетово – Попова шапка и важи и за тешки товарни возила и за автобуси.

Од ноќеска во 00:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, а претходно забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково, Дебар – Струга и обратно, Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, Струга – Г.П. Ќафасан, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Маврово – Дебар.

За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и употреба ако условите на патот тоа го бараат.

 

Претходна вестСо пишување песни и приказни го чувам мајчиниот говор што е најзначајно за секој од нас
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Да не трагично, ќе биде смешно – снегот ги изненади градските власти