„Недела на франкофониски филм“ од четврток во Кинотека на Македонија

Во рамките на Месецот на франкофонијата, Кинотеката на Македонија, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Романија и Романскиот културен институт, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Белгија во Софија и „Валони – Брисел интернационал“, и Амбасадата на Луксембург и организираат Недела на франкофонскиот филм во Кинотеката на Македонија.

Неделата на франкофонскиот филм ќе се отвори овој четврток на  23 март со почеток во 20 часот, со прикажувањето на романскиот филм „Радио Метроном“.

Манифестацијата свечено ќе ја отвори Моника Аксинте амбасадор на Романија, а истата ќе биде проследена со кокел. Во следните денови ќе бидат прикажани:

Петок, 24.3. – Швајцарскиот филм „Последниот танц“ на Делфин Лерисе (2022, 1h24), со Франсоа Берлеан и Касеј Моте Клајн;

Сабота, 25.3. – Белгискиот филм „Последното искушение на Белгијците“ на Жак Бикоа (2021,1h16), со Алис Дитоа, Вим Вилер и Алекс Визорек ; по проекцијата, следува коктел овозможен од Амбасадата на Белгија во Софија и „Валони – Брисел инрернационал“:

Понеделник, 27.3. – Францускиот документарен филм „Деца на татковината“ на Тјери Демезјер и Албан Терле (2022, 1h50), со Елса ле Петрек, Тјери Демезјер;

Вторник, 28 март, со луксембуршкиот анимиран филм „Неверојатната приказна на Фрици“ на Раиф Кукула и Матијас Брин се затвора Неделата на франкофонскиот филм.

Сите проекции ќе се одржат во Кинотеката на Македонија со почеток од 20 часот, и истите ќе бидат со превод на македоснки јазик.

Претходна вестСхинас: ЕУ не беше секогаш фер кон С. Македонија
Следна вестПутин и Џинпинг насмеани – денес ќе потпишат 2 големи договори, Блинкен ги критикува