Влада Урошевиќ лауреат на „Златен венец„ на Струшките вечери на поезијата

Наградата „златен венец“ на Струшките вечери на поезијата 2023,  беше доделена на македонскиот поет, прозен автор, критичар, есеист, антолог и преведувач, академик Влада Урошевиќ, објави претседателката на Управниот Одбор на манифестацијата Елизабета Шелева на денешното прогласување на добитниците во НУБ „Климент Охридски“.

Покрај оваа награда, Урошевиќ како лауреат денес беше прогласен и во седиштето на УНЕСКО во Париз.

По својата првата објавена поезија „Еден друг град“ во 1959 година, тој објавил уште десет збирки поезија. Меѓу неговите прозни дела има шест збирки раскази, пет романи, три книги записи и патописи, две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството.

Урошевиќ неодамна беше награден и за „Роман на годината“ во конкуренција од 35 романи. Во неговата плодна кариера, за своето творештво има добиено и многу награди и признанија меѓу кои се вбројуваат престижните награди: Орденот на московската организација на СРП „Сергеј Есенин“, „Стале Попов“, „Браќа Миладинвоци“, „Григор Прличев“, „Кирил Пејчиновиќ“ и многу други, а именуван е и од француската влада за витез од редот на уметноста и литературата по преводите на најзначајните француски поети.

Претходна вестВештакот тврди дека модуларните болници биле изградени според барањата на  Светската банка
Следна вестЕлектрична енергија ќе се добива и од растенија