Неовластено тргувал со отпад, добил кривична пријава

Кривична пријава против Д.С.(38) од Скопје и против правно лице од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 од Кривичниот законик поднесе СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал.

-На 14.02.2022, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола и утврдиле дека првопријавениот, сопственик и управител на правното лице, во име на правното лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини на ул.„Ѓорѓи Капчев“ неовластено тргувал со отпад без да поседува дозвола за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, се наведува во соопштението.

Претходна вестБектеши: Супермаркети со милионски профити, се жалат за зголемување на минималната плата
Следна вестПатријарх Порфириј: Ја благословуваме, одобруваме и прифаќаме автокефалноста на МПЦ-ОА