Бектеши: Супермаркети со милионски профити, се жалат за зголемување на минималната плата

Еден супермаркет има само 10 продажни места, а има 10 милиони евра профит, и потоа преку стопанските комори се жалат за минималната плата, изјави синоќа министерот за економија Крешник Бектеши. Во настапот во магазинот „Клик плус“ на ТВ 21 тој го коментира податок кој го објави овој медиум со кој лани осум супермаркети имале профит од 25 милиони евра.

-Овој список кои вие како ТВ21 го објавивте денес, јас го имам видено пред неколку месеци, и тие бројки ми беа како основа кога требаше да се донесе одлука за замрзнување на цените за одредени производи. Го видов списокот, и упте еднаш ќе кажам, овие супермаркети кои прават милионски профити, не треба да ги експлоатираат вработените. Не може така, рече Бектеши.

Министерот посочува дека има маркети кои се казнети со 100.000 евра.

-Дел од тие супермаркети кои се казнети ги има и во вашиот список кој го објавивте како медиум. Дали вие знаете дека кај дел од овие супермаркети 99 проценти од вработените биле пријавени со минимална плата. Еден супермаркет има само 10 продажни места, а има 10 милиони евра профит, и потоа преку стопанските комори се жалат за минималната плата, додаде министерот.

Тој информира дека Владата побарува 900 милиони евра за враќање на долгови од претходните Влади.

-Како што објасни и министерот за финансии, и јас кажувам дека голем дел од овие средства се за враќање на долгови кои ги наследнивме од претходните Влади. Како што предвидовме 100 милиони евра на почетокот на годината за помош за граѓаните, сега проектираме нови 80 милиони евра повторно како директна помош за граѓаните и компаниите. Ние работиме напорно, за да им помогнеме на граѓаните, порача Бектеши.

Претходна вестПрв случај на мајмунски сипаници во Словенија кај пациент дојден од Канарските острови
Следна вестНеовластено тргувал со отпад, добил кривична пријава