Прв случај на мајмунски сипаници во Словенија кај пациент дојден од Канарските острови

Потврден е прв случај на мајмунски сипаници во Словенија, Според првичните информации, инфекцијата била откриена кај пациент кој дошол од Канарските острови. На прес-конференцијата за овој случај повеќе ќе каже Марио Фафангел, раководител на Центарот за заразни болести на Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).  „Н1 Словенија“ објави дека пациентот не е хоспитализиран на Инфективната клиника во Љубљана, па веројатно станува збор за поблага форма на болеста. Сајтот објави дека заразениот е маж кој неодамна се вратил од Канарските Острови, со кои се поврзуваат бројните случаи на зараза во Шпанија.

Досега се регистрирани повеќе од 100 случаи во Европа, Америка и Австралија, но Светската здравствена организација кажа дека ширењето на вирусот може да се скроти.

-Ова е ситуација што може да се скроти. Пренесувањето се случува при контакт кожа со кожа и во најголем број случаи заболувањето е благо, изјави Марија фан Керкхофе, шефицата на Одделот за новонастанати болести во СЗО.

Светската здравствена организација (СЗО) не верува дека  појавата на мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка ќе има потреба од масовни вакцини, бидејќи мерките како што се добра хигиена и безбедно сексуално однесување ќе помогнат да се контролира ширењето, рекол Ричард Пибоди, кој го води тимот на СЗО за високи патогени закани во Европа. Во интервју за Ројтерс, Пибоди исто така рекол дека сегашните залихи на вакцини се релативно ограничени. Примарните мерки за контрола на епидемијата се следење на контакт и изолација, рекол тој. Јавните здравствени власти во Европа и Северна Америка истражуваат над 100. сомнителни и потврдени случаи на мајмунските сипаници.

Претходна вестДали на денешната заедничка литургија ќе се објави предлог за автокефалноста на МПЦ-ОА?
Следна вестБектеши: Супермаркети со милионски профити, се жалат за зголемување на минималната плата