Пендаровски на средба со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј: Легитимен Томос за автокефалност е оној кој го издава Вселенската Патријаршија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Истанбул се сретна со Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх.

На средбата претседателот Пендаровски искажа благодарност до Вселенскиот Патријарх за посебната улога која ја има во надминувањето на црковниот спор поврзан со нашата црква. Преку неговата одлука од 9 мај 2020 година, денес нашата Црква се наоѓа во канонско единство со другите православни цркви, прифатена како рамноправна со сите останати.

На средбата беше констатирано дека единствениот пат за добивање на легитимен и целосно прифатен Томос за автокефалност е оној кој го издава Вселенската Патријаршија.

-Поради тоа очекуваме, како држава и Црква од врховното институционално тело во православието, да ни го додели официјалниот документ за црковна самостојност – Томос за автокефалност. Со одлуките на Вселенската Патријаршија на нашата Црква и се признава правото на користење на името Охридска Архиепископија, што значи црковен континуитет од 1000 години. Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес, бидејќи отвора можност за ново и духовно растење на Охридската Архиепископија, напредок и помирување во македонското општество и држава, се наведува во соопштението на Кабинетот на Пендаровски.

Претходна вест8 лица меѓу кои 4 деца, искасани од огромно куче тешко 72 килограми
Следна вестЕуроњуз Албанија: Спасе Терпо од Пустец со свои сили изгради музеј, го направи она што со години власта не успеа