Темен режим Режим на светлина

По големиот пожар мостот кон „Ист Гејт“ затворен за сообраќај

За сообраќај целосно е затворен мостот преку Вардар кон трговскиот центар „Ист Гејт“ по голем пожат што синоќа ја зафати оваа прометна сообраќајница. Се работи за мостот кој води од Нова железничка станица кон „Ист Гејт“.

Пожарот избувнал синоќа од се уште непознати причини. Пламените јазици го зафатиле долниот дел од мостот и брзо се прошириле. Се претпоставува дека се запалиле електричните водови коишто се поставени во долниот дел од мостот. Но, тоа допрва ќе треба да се потврди од страна на надлежните органи.

Веднаш по избувнувањето на огнот пристигнале противпожарните екипи коишто влижија голем напор за да го изгаснат огнот. По нивната интервенција пожарот беше локализиран а мостот затворен за сообраќај.

Се очекува Министерството за внатрешни работи (МВР) да излезе со официјално соопштение за инцидентот откако ќе го заврши целосно увидот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тетовчанец прво завршил втора, па прва година и без завршена трета се запишал во четвртата!

Следна објава

Сојуз на средношколци: ДИЦ има право на штрајк, но државна матура мора да има