Пак потпишан Кодекс за фер избори, учесниците се обврзаа и да не користат говор на омраза

Претставници на политичките партии и коалиции, денеска, во Кристалната сала на законодавниот дом го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за единаесетите парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај.

Претседателот на Државната изборната комисија, Александар Даштевски, истакна дека овој чин претставува израз на волја да се зачува интегритетот на демократскиот процес.

-Кодексот е потврда за демократскиот развој за нашето општество дека сите заедно се обврзуваме на принципите на демократијата. Преку потпишувањето на овој Кодекс, потписниците испраќаат порака за фер и почитување на сите правила, закони и прописи, како и почитување на владеењето на правото и правната држава при организирање на изборите, истакна претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Со ова потпишување политичките партии се обврзуваат дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања. Ќе се придржуваат ли до него?

Оваа дилема е голема оти веќе се гледа дека претходно потпишаниот кодекс за претседателските избори и не се почитува нешто посебно. Многу навреди и подметнувања гледаме секој ден. Валканата кампања произведена од одделни изборни штабови е сеприсутна.

Инаку, денеска Даштевски уште кажа дека училиштата во кои ќе се одржи гласањето за претседателските избори ќе работат во вторник, ден пред изборите на 24 април. Ќе бидат заклучени само оние простории каде ќе сместен избирачкиот материјал.

– Тоа е веќе договорено и мислам дека е ставено на веб страницата. Тие училишта ќе работат меѓутоа просториите во кои ќе биде избирачкиот материјал, ќе бидат заклучени и ќе ги обезбедува Министерството за внатрешни работи, изјави тој.

Претходна вестСкопјанец нападнал полицајци во полициска станица
Следна вестВо Германија уапсени 10 лица: За пари набавувале дозволи за престој на странци