Позорникарите во Центар стартуваат во реонот на Зелено пазарче

Жителите на општина Центар кои живеат околу Зеленото пазарче денеска имаа средба со полицајци-позорникари коишто ќе се грижат за безбедноста. На средбата беа и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски со претставници од МВР и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје.

-На средбата жителите се запознаа со маалските редари кои ќе се движат низ овој дел од населбата. Од позорникарите граѓаните добија совети како да го обезбедат домот пред заминување на годишни одмори, но и совет секоја сомнителна активност да ја пријавуваат. Се зборуваше и за засилени акции на дивите продавачи како и разговор со позорникарите за секое прашање кое ги мачи граѓаните и се однесува на совет за безбедност на домовите и животот на граѓаните, соопшти денеска општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски рече дека со маалските полициски службеници на терен се враќа спокојот на граѓаните.

-Мене ми е мило што и МВР имаше слух за ова барање на граѓаните и одговори на потребите. Во следниот период ќе продолжи патролирањето на полициските службеници во секое маало и тие ќе нѐ заштитуваат нас и нашите деца. Со самото присуство на позорникарите ние родителите ќе си ја вратиме сигурноста и чувството за безбедност, нагласи Герасимовски.

Маалските позорникари треба да обезбедат безбедна детска игра и безбедност за тинејџерите, лична сигурност и зашти на имотот на граѓаните, спречување на извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Претходна вестМилевски: Нашата цел е прво место во групата
Следна вестДвајца битолчани истепале тројца полицајци пред салата „Боро Чурлевски“ во Битола