Пред членството во ЕУ го отвораме Уставот – влегува и бугарскиот народ

Пред членството во ЕУ, Македонија одново ќе го отвори Уставот, за во Преамбулата да биде вметнат бугарскиот народ.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев во Софија, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со бугарскиот премиер Стефан Јанев.

-Македонија прeд членството мора да го отвори Уставот и наш став е сите помалку бројни народи во нашата држава да бидат впишани, вклучително и бугарскиот, хрватскиот народ не е впишан – имаме хрватска заедница и други заедници кои што ги немаме. Нашиот Устав е создаден 1991 година и тогаш е создаден покрај македонскиот, албанскиот народ, впишани се и Бошњаците и Србите, и Турците, и Власите и Ромите и вика и другите народи, така што ако сакаме да бидеме земја членка на ЕУ треба да имаме европски устав во којшто по примерот на една Хрватска на пример ќе ги впишеме и другите народи, рече Заев.

Претходна вестОд вечерва се враќа кино „Милениум“
Следна вестПоради Задушница – посебен сообраќаен режим на гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче