Поради Задушница – посебен сообраќаен режим на гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче

Поради верскиот празник Задушница, утре и во сабота, во периодот од 6 до 16 часот, на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за село Мирковци, до влезот за гробиштата на улица „Боца Иванова“ и излегување на улица „Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улица „Јужноморавски бригади“ и улица „Роман Каскалиевиќ“.

Претходна вестПред членството во ЕУ го отвораме Уставот – влегува и бугарскиот народ
Следна вестОд 20-ти до 25-ти овој месец во Скопје ќе се прска против комарци, и од воздух и на земја