Денеска во МНТ премиерно се изведува претставата, односно монодрама „Последната лента на Крап“, во главна улога, режија и продукција на Ѓорѓи Јолевски.
Како што соопштува МНТ тема на претставата е изолацијата и стареењето, кревкоста на сеќавањето, комплексниот однос со технологијата…
– Ова е претстава за осамен човек, изолиран од светот, кој на неговиот 69-ти роденден ги преслушува старите магнетофонски ленти. Меѓу нив една лента има посебно место: таа што се наоѓа во Кутија три – ролна пет. На неа е снимен тој, средовечниот Крап, пред цели 30 години, одамна минато време, каде што зборува за уште подалечни, а клучни настани од својот одамна изминат младешки свет, за изгубената љубов, за смртта на неговата мајка, за илузиите и неуспешната кариера. А стариот Крап, сега има амбивалентен однос кон тоа што го слуша, најави МНТ.