Шилегов: Може да имате план за вработување и да не реализирате ништо- скопјани скептични

Откако беше нападнат од опозицијата дека има намера да вработува 135 нови луѓе во рамките на администрацијата на Град Скопје, меѓу кои личен шофер, но и раководител на одделение за европски интеграции, градоначалникот Петре Шилегов во обид да го смирува револтот што кај скопјани го предизвика информацијата. Имено, 135-те определени вработувања биле само план кој бил поддржан како предлог од Советот на Град Скопје пред два дена, но тоа не значело дека ќе се реализира, нагласува Шилегов.

-План за вработувања и вработувања се различни категории. Значи вие може да имате план за вработување а да не реализирате меѓутоа согласно систематизацијата ги имате тие работни места, изјави тој за Алфа. Според него, вработени се само околу 20-тина луѓе, додека тој е на мандат.

-Тие 20 вработувања се согласно систематизацијата. Ние го зголемивме бројот на инспектори за животна средина и комунални редари. Тука е најголемиот број на зголемувањето. Добиваме зголемен инспекциски надзор она што сериозно недостасуваше. За сметка на тоа сме ги намалиле 19-те обезбедувачи и шофери што ги имаше Градот Скопје, вели градоначалникот Шилегов.

Сепак скопјани се скептични во однос на одговорот на Шилегв:
-Сите партии ја пеат истата песна, 30 години наназад, се се повторува, пишува Беко Т. под објавата на информацијата на социјалните мрежи.
-Зошто воопшто да се планира нешто што можеби нема да се реализира, па згора на тоа и на Совет да се изгласа, вели Соња М.

Инаку вработувањата во администрација се континуирана забелешка во Извештаите за напредокот на Македонија што ги подготвува Брисел секоја година.

Претходна вест„Левица“: Златко Марин расипнички ја води општина Аеродром и не се разликува од претходникот
Следна вестКосовско-македонска копродукција на деби филм во трка за Златен тигар во Ротердам