Темен режим Режим на светлина

Со автомобил удрил во работна машина, го оставил сопатникот тешко повреден и побегнал

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Вчера вечер во 21 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, удрил во паркирана мобилна работна машина марка „Јан-Мар“, извести СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на првото возило кој избегал од лице место, велат од МВР.

– Возачот на првото возило избегал и го оставил на местото на незгодата, а екипа на Итната медицинска помош, покрај истото го пронашла сопатникот А.Д.(39) од Охрид кој, веднаш е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Поради констатирани тешки телесни повреди, тој е задржан на понатамошно лекување, соопшти СВР Охрид.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на првото возило кој избегал од лице место.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Алкалоид со инвестиции од 20,2 милиони евра и со 191 ново вработување

Следна објава
Над 6.000 активни фирми без фискален систем, следуваат контроли од УЈП

На 24 ноември ќе се блокираат сметките на оние кои не платиле солидарен данок