Темен режим Режим на светлина

Тренерот на Наполи жали што не му дава на Елмас поголема минутажа на теренот

Нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, вчера повторно се запиша на листата стрелци. Наполи славеше на Кремонезе со 3:0, а Елмас го освои третиот гол за домашните.

– Елмас е „голгетер“ кој доаѓа од клупата. Тој е пример каков што има многу во овој состав. Клучот за неговите добри игри е напорната работа. Елмас секогаш покажува дека заслужува да игра, понекогаш жалам што не го ставам во стартниот состав. Во оваа група има добри момци кои се одлични професионалци кои се подготвени да уништат се на терен за да ги добијат резултатите што ги постигнуваме, изјави тренерот на наполи Лучано Спалети.

Додаде и дека во оваа група има добри момци кои се одлични професионалци кои се подготвени да уништат се на терен за да ги добијат резултатите што посакуваат.

– Размислуваме натпревар по натпревар. Нема други мисли кои можат да не натераат да го оттргнеме вниманието од она што го сакаме. Размислуваме гледајќи го секој детал, размислувајќи само и исклучиво на сегашноста, додаде Спалети.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Која комунална хигиена го собира ова?

Следна објава

Браво, Калин пак напредуваше и влезе меѓу првите 500 на АТП листата