Темен режим Режим на светлина

Дури и Мекгрегор ја пофали борбата на Александар Волкановски

Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски иако ја изгуби борбата со Дагестанецот Ислам Махачев, успеа да ги освои симпатиите на професионалците но и љубителите од овој спорт. Волкановски загуби од Махачев по пет рунди со судиска одлука. Тој спортски го прифати поразот веднаш по крајот на борбата и двајцата борци изреагираа џентлменски. Но откако ја изгледал борбата, Волкановски е убеден дека тој требал да биде прогласен за победник и поради тоа побара брзо да се организира реванш против истиот противник.

– Само што ја гледав борбата, дефинитивно мислам дека победив во 2-та, 3-та и 5-та рунда. Изненаден сум што не завршив со крената рака! Да режираме реванш, било каде и било кога, порача Волкановски.

Но дека Волкановски бил подобар не мисли само тој. И поранешниот борец на УФЦ Диего Санчез вели дека Волкановски му изгледал како победник.

– Каква битка, и двајцата беа одлични! Откако повторно го погледнав, буквално сум без зборови. Повеќе ми остави впечаток Волкановски. Иако е многу помал, мислев дека победи. Беше одлично да се види неговата борбеност, напиша Санчез на социјалните мрежи.

Пофалба кон оваа борба имаше дури и од контроверзниот УФЦ-борец и поранешен шампион, Конор Мекгрегор кој обично никогаш никого не фали, туку често ги навредува и понижува своите ривали.

– Тоа беше одлична борба момци. По ваква битка нема губитници, туку само победници. Уживав да го гледам ова, кажа Мекгрегор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Деца затекнати како се дрогираат со хероин, уапсени 4 лица

Следна објава

Ангелов апелира да не се исклучува струјата во висококатниците, денеска заглавиле бремена жена во лифт во кулите Џевахир