Темен режим Режим на светлина

Владата покрена иницијатива за разрешување на целото раководство на М-НАВ

Со утрешните мерки, Владата ќе го ублажува евентуалното ново покачување на горивата во понеделник Со утрешните мерки, Владата ќе го ублажува евентуалното ново покачување на горивата во понеделник

По инцидентот во Контролата на летање и хаосот што го предизвикаа дирeкторите од ДУИ во М-НАВ, Владата покрена иницијатива за разрешување на целото раководство и спроведување на детална ревизија за нивното работење, за да се осигура безбеден авио-сообраќај над македонското небо.

Нападот се случи по прес-конференција на синдикалецот Тасевски во која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, образложувајќи дека оставките се за поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

Во владиното соопштение се наведува следното:

Ве информираме дека на иницијатива на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки:

  1. Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени,
  2. Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.

Воедно, Претседателот на Владата ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Претседателот на Владата и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио- сообраќај.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

МВР приведе четворица од групата што дивееше во Контрола на летање, функционер на ДУИ ги пуштил насилниците

Следна објава

Српски политичар објавува слики од истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска