Власта го најде ли решението за кратење на сопствените огромни плати?

„Се работи на решение за корекција на функционерски плати“; „Работна група го подготува предлогот“; „ Се бара решение кое нема да падне на Уставен суд“; „За недела-две ќе биде готово“… . Ова се најавите и ветувањата на власта кои долг период јавноста ги слуша околу намалувањето на драстично зголемените плати на функционери. Ама…

Најавите за ново законско решение со кое треба да се „амортизираат“ последиците од скандалозното зголемување на функционерските плати за цели 78 проценти се редат, а граѓаните чекаат. Пред две недели, на 18-ти октомври, Ковачевски рече дека посебна работна група работи и дека за една-две недели треба да има решение за висината на платите на избраните и именуваните функционери.

-Тоа решение треба да биде прифатливо, одржливо и нема да биде предмет на поништување од страна на Уставниот суд, изјави тогаш Ковачевски откако претходно на владина седница не беше донесена одлука за корекција на Законот за платите на функционерите која ја најави вицепремиерот Фатмир Битиќи.

И во април минатата година Ковачевски најавуваше дека законот треба да се менува, дека е недозволиво членови на управни одбори во јавни претпријатија да имаат поголеми плати од претседателот на државата, но конкретен предлог не се направи.

Сега работава до каде е? Комисијата заврши со правењето предлог оти поминаа двете ветени недели?

Додека да дојде одговорот еве еден факт: веќе пет месеци повеќе од илјада функционери и други избрани лица во Македонија си примаат плати зголемени за 78 проценти. 

Претходна вестИстражување: Владата и општините скратиле 220 милиони евра од проекти за граѓаните во кризната 2022 година
Следна вестСе степаа албанските пратеници