ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е слеп послушник на Ахмети и Груби, владата му ја составува Рама и семејството на Адем Јашари

Од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, повторно тврдат дека сегашниот премиер Димитар Ковачевски, е само слеп послушник на Али Ахмети и Артан Груби.

– Ковачевски е слеп послушник на Ахмети и Артан Груби, владата му ја составува Еди Рама и семејството на Адем Јашари, владата наликува како влада на Бугарија и Албанија.

Пратеничка на Алтернатива, која излезе од владата, јасно од собраниска говорница кажа дека владата на Ковачевски во 2022 година ја составувал Еди Рама и семејството на Адем Јашари. Ковачевски е само пиун на Ахмети, кој преку други структури ја прави владата по свој крој.

Ковачевски е заложник на Ахмети, кој му ја крои владата, како нему му одговара. Изминатиов период видовме, како Ковачевски нема политика на чување на државните и национални интереси, тој само исполнуваше барања на шовинистичките кругови во Бугарија.

Аматеризмот на Ковачевски, поддржан од Ахмети ја чини Македонија најлоши односи со Бугарија до сега, и тоа предизвикани токму од СДС, кои дадоа се што можеше да се даде, ги нарушија преговарачките позиции на Македонија и ја оштетија државата.

Ваквите анационални политики се можни само заради слабиот политички капацитет на Ковачевски, кој не може да излезе од тендер матрицата, и буквално прифаќа се, само за ден повеќе на власт, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Претходна вестНа Св.Трифун полицијата со полни раце работа, казнети 91 пијан возач
Следна вестНа Македонија не и треба евтина и долга театарска претстава