Спасовски и Заев повторно удрија по граѓаните. Додека функционерите од ДУИ сечат торти и прават забава во новиот објект на министерството за политички систем, без маска и без почитување на мерките за заштита од Ковид-19, и за тоа институциите молчат и не покренуваат никакви постапки, МВР во текот на вчерашниот ден апсеше граѓаните за палење на Бадникови огнови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на вчерашниот ден во село Орман, беа уапсени 10тина лица заради палење на бадников оган, од страна полицијата.
-Оливер Спасовски по којзнае кој пат покажа сила врз граѓаните. Институциите во оваа држава за едни се мајка, а за други маќеа. Функционерите од власта секојдневно ги кршат мерките за заштита од КОВИД-19, а за тоа не видовме ниту една изречена казна или па некакво приведување, ама за тоа граѓаните и за минимално непочитување се апсат и казнуваат. Пред само неколку месеци, кафеани и дискотеки во сопственост на луѓе блиски на власта, работеа непочитувајќи ги забраните и протоколите за справување со пандемијата. До ден денес не видовме ниту еден решен случај, а истите локали повторно си работат, непочитувајќи ги протоколите под заткрилата на оваа криминална власт. Мерките и законите во оваа држава треба да важат за секого подеднакво, се додава во соопштението.