Во Дунав пронајден удавен маж, има сомнежи дека се работи за изчезнатиот Матеј Периш

Тело на мртов помлад маж пронашле денеска морнари во Дунав кај Ада Хуја, информираат српските медиуми. Во информациите се наведува дека според сомнежите се работи за исчезнатиот Хрват Матеј Периш (27). Човекот на себе носел сребрен сат, фармерки, маица со апликација, една бела патика а во џебот имал и телефон. Полицијата го извлекла телото во фаза на распаѓање, а на местото на настанот се и форензичари.

Блиц.рс дознава дека гардеробата на телото одговара на описот на гардеробата која ја носел Матеј Периш вечерта кога исчезнал. Според информациите, сега ќе следи уврдувањето на идентитетот на починатото лице.

Младиот сплиќанец исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември. Според сведоштвата, тогаш тој го напуштил клубот „Готик“ во Белград и оттогаш му се губи секоја трага. Неговото исчезнување во полиција го пријавиле пријателите кои биле со него ноќта и оттогаш се води интензивна потрага.

Ненад Периш, таткото на Матеј, за српските медиуми потврди дека веќе го контактирала српската полиција.

-Тешко ми е но морам да се соочам со вистината. Сега мора да направи споредба на ДНК. Многу ми е тешко и доаѓам во Белград, рече тој.

Претходна вестМакедонска дилема: Колку „крајни рокови“ имаат во ЕУ?
Следна вестПендаровски му пиша на патријархот Вартоломеј: Го очекувам Томосот за Нашата црква