Темен режим Режим на светлина

Во Иран обесени двајца мажи поради сквернавење на Куранот

Со регрутација на еден милион „резервисти“, Иран се подготвува за американска копнена интервенција Со регрутација на еден милион „резервисти“, Иран се подготвува за американска копнена интервенција

Двајца мажи беа егзекутирани со бесење во Иран затоа што запалиле копија од Куранот и го навредувале пророкот Мухамед, пренесуваат иранските медиуми. Садрола Фазели Зар и Јусеф Мердад беа осудени за „навреда на пророкот Мухамед и други богохулства, вклучително и палење на Куранот“, се вели во соопштението, додавајќи дека и двајцата утрово биле егзекутирани со бесење.

Во март 2021 година, еден од обвинетите призна дека отворил профил на Телеграм за да го „дискредитира исламот“ со објавување навреди, се вели во соопштението, додавајќи дека другиот обвинет формирал група на интернет „за да пропагира атеизам“.

Според податоците на неколку невладини организации, Иран е втора земја со најголем број егзекуции после Кина. Минатата година во Иран беа егзекутирани повеќе од 580 луѓе.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Ковачев е вратен од границата бидејќи во групата со која патувал имало лица кои претставуваат ризик за јавниот мир и безбедност

Следна објава

Список со закани за ученици се појави и во скопско училиште