Во Италија се уапсени 27 лица: запленети 36 килограми кокаин

Италијанската полиција утринава уапси 27 лица и заплени 36 килограми чист кокаин во акција во Калјари, Нуоро и во Сасари на Сардинија.

Во акцијата учествувале повеќе од 200 припадници на полицијата, пренесува „Анса“.

Истрагата траеше две години и доведе до разбивање две криминални групи, кои ја контролираа трговијата со кокаин во провинцијата Сардинија.
Во акцијата се запленети 36 килограми чист кокаин, а пронајдени се и докази за продажба на повеќе од 200 килограми од таа дрога, вредна повеќе од 25 милиони евра.

Претходна вестДваесет пријави за насилство пристигнале до МОН
Следна вестМакедонија во група со Германија, Франција и Швајцарија на ЕП 2024