Во Карпош 1 и Карпош 2 се воведува зонско паркирање, бесплатно за две станарски возила

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје започна акција за воведување на зонско паркирање на територија Карпош 1 и Карпош 2, информираат од општина Карпош.

Во соопштението се наведува дека овој процес ќе се одвива во неколку фази.

-Тоа е со цел да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила во овие населени места. Во првата фаза ќе бидат опфатени делови од Карпош 1, а за пријавувањето за паркинг дозволи, кое исто така ќе се одвива етапно, станарите ќе бидат навремено известувани, согласно динамиката на обележувањето на улиците, истакнуваат од општината.

Во првата фаза ќе бидат опфатени делови од Карпош 1, а за пријавувањето за паркинг дозволи, кое исто така ќе се одвива етапно, станарите ќе бидат навремено известувани, согласно динамиката на обележувањето на улиците.

-Право на бесплатно паркирање на зона Д42 ќе имаат граѓаните кои гравитираат на една од наведените адреси, за две станарски возила, а поднесувањето на Барања за нивно евидентирање во системот ќе се одвива етапно, согласно динамиката на означување на улиците, за што ќе бидат дополнително известени, информираат од локалната самоуправа на општина Карпош.

 

Претходна вестНов пораст на заболени од грип, најмногу во Ресен, Кавадарци и Кратово
Следна вест153 санкционирани возачи во Скопје