Во тешка состојба жената која синоќа беше ранета на патарина кај Прешево, сопругот се самоубил

Во тешка состојба е жената која синоќа беше ранета на патарина кај Прешево, Србија, а чиј сопруг се самоубил откако пукал во неа. В.Ј. (30) вчера била ранета по што е оперирана во Универзитетскиот медицински центар Ниш половина час по полноќ во придружба на екипа на Итната медицинска помош од Врање поради здобиените рани од огнено оружје.

– По прегледот, констатирани се примарна здравствена заштита и радиолошка и лабораториска дијагностика, повреди на душникот, вратните пршлени и вметнување воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна. На пациентката веднаш ѝ е укажана хируршка интервенција во операционата сала на Ургентниот центар, по што е хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега на Универзитетскиот медицински центар во Ниш, соопштија од оваа установа.

Мажот (52) кој пукал во неа е македонски државјанин од албанска националност од Тетово, пренесува порталот А1он.мк.

Како што пренесуваат српските медиуми, на пукањето и претходела расправа во автомобилот. Жената во еден момент излегла од возилото и почнала да бега по што  мажот со пиштол испукал два куршуми кон нејзе нанесувајќи и тешки повреди, а потоа оружјето го вперил кон себе и се самоубил.

Претходна вестЦУК апелира да не се пали вегетација и да се чистат каналите
Следна вестСДС си даде автогол, Пендаровски со гордост кажуваше дека добил поддршка од Андреј Ковачев, велат од ВМРО-ДПМНЕ