Забраната за македонското знаме била ненамерна грешка, огранизаторите на Австралија Опен се извинија

Министерството за надворешни работи информираше дека забраната за снимање на државното знаме и знамето од Кутлеш од страна на „Канал 9“, по наредба на огранизаторот на Австралија Опен е ненамерна грешка, за што било добиено извинување од Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и од организаторот на турнирот.

– По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир Австралија Опен, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, Австралија Опен“, соопштуваат од МНР.

Оттаму додаваат дека е добиено уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Било испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и  Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот.

– Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања, се вели во соопштението на МНР.

Организаторот на турнирот на снимателите од „Канал 9“, кои ги реализираат преносите од првиот гренслем-турнир во годината, им поделил флаери со знамиња кои не треба да бидат снимани доколку се појават на трибините.

На флаерот со инструкции се знамињата на Палестина, Белорусија, Русија, Тајван, Израел и на Македонија. Освен државното знаме на Македонија, забрането е да се снима и знамето со 16-кракото сонце, во неговата црвена и сина варијанта.

Претходна вестСвесни ли се во ДУИ и СДСМ дека Македонија не може да издржи нови партиски вработувања?
Следна вестИЗЈ: Зголемен бројот на заболени од грип, во првата недела од јануари 1.025 случаи