154 санкционирани возачи во Скопје, 25 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестДелови од Радишани и Бутел денес без вода
Следна вестРадев се сретна со Ердоган и го покани во Бугарија