Темен режим Режим на светлина

Штипска „Хонда“ излета од коловозот и заврши на покрив на куќа

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

На покрив на куќа завршило возилото „Хонда“ откако излетало од коловозот рано утрово во Штип, соопшти полицијата.

МВР информира дека рано утрото пред 2 часот во штипската полиција е пријавено дека возило Хонда со штипски регистерски таблички излетало од коловозот, делумно се превртело и завршило врз покривот на куќата покрај улицата „Стојан Рибата“ во Штип.

– Возилото го управувал Т.Р., 39-годишен возач од Штип, кој излегол без повреди. Нема други повредени, бидејќи во тој момент во објектот немало луѓе, соопштуваат од СВР Штип.

Порталот mms.mk објави дека е направена мала материјална штета на објектот. Возачот и сопственикот се договориле за надомест на штетата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Запленети 4,8 килограми злато вредни 330.000 евра при влез на ГП Богородица

Следна објава

Скопското обвинителство прибавува и анализира докази за Палевски, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза