На покрив на куќа завршило возилото „Хонда“ откако излетало од коловозот рано утрово во Штип, соопшти полицијата.
МВР информира дека рано утрото пред 2 часот во штипската полиција е пријавено дека возило Хонда со штипски регистерски таблички излетало од коловозот, делумно се превртело и завршило врз покривот на куќата покрај улицата „Стојан Рибата“ во Штип.
– Возилото го управувал Т.Р., 39-годишен возач од Штип, кој излегол без повреди. Нема други повредени, бидејќи во тој момент во објектот немало луѓе, соопштуваат од СВР Штип.
Порталот mms.mk објави дека е направена мала материјална штета на објектот. Возачот и сопственикот се договориле за надомест на штетата.