Во битолско училиште родители истепале наставничка и соученик на нивниот син

Родители физички нападнале наставничка и соученик на нивниот син, вчера во Битола, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 15.05.2024 во СВР Битола, Р.М.(48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р.Л. и Н.Л., родители на негов соученик, се наведува во соооштението.

Во него се додава дека истиот ден, М.Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од Р.Л. и Н.Л..

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Претходна вестСкопското обвинителство прибавува и анализира докази за Палевски, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза
Следна вестЛевица: Изборниот систем е лош, за еден пратеник ни беа потребни 11.000 гласови, а на ДПМНЕ или ДУИ им требаа нешто над 7000 гласови