Темен режим Режим на светлина

Три лица искасани од бездомни кучиња во Центар, Аеродром и Карпош

Три лица се искасани од бездомни кучиња вчера во три оддлени случаи на скопското подрачје, соопшти полицијата.

Вчера во 20.35 часот во Полициската станица Центар, В.С.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорѓе Андрејевиќ-Кун“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Истата вечер, во Полициската станица Аеродром, С.С.(71) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник, а на подрачјето на Карпош Д.К.(40) од Скопје пријавил дека во с. Бардовци, скопско, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пет години затвор и доживотно протерување за тројца турски државјани за случајот во Штип

Лани пријавени 433 деца во судир со законот, 307 осудени

Следна објава

Силјановска – Давкова најави градење добрососедски односи: Ќе се нуди и ќе се бара почит