Три лица искасани од бездомни кучиња во Центар, Аеродром и Карпош

Три лица се искасани од бездомни кучиња вчера во три оддлени случаи на скопското подрачје, соопшти полицијата.

Вчера во 20.35 часот во Полициската станица Центар, В.С.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорѓе Андрејевиќ-Кун“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Истата вечер, во Полициската станица Аеродром, С.С.(71) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник, а на подрачјето на Карпош Д.К.(40) од Скопје пријавил дека во с. Бардовци, скопско, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Претходна вестЛани пријавени 433 деца во судир со законот, 307 осудени
Следна вестСилјановска – Давкова најави градење добрососедски односи: Ќе се нуди и ќе се бара почит