Зоран Ѓорѓиевски, советник на Кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев е суспендиран и против него е поднесена кривична пријава за насилство поради нападот на началникот на Единицицата за безбедност во сообраќајот во СВР Тетово, Зоран Талев на денот на изборите.
Дополнителната заменик-министерка, Славјанка Петровска наведе дека против државниот советник поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и истиот ќе биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка во МВР