Пандемијата со ковид 19 е темата на годинешниот, четврт по ред, Статуафест во Скопје.
-Неизбежно беше да ја одбереме актуелната тема која глобално оваа 2020 го парализира светот – коронавирусот, па конкретниот постулат на фестивалот е: „Скопје во време на корона“, велат организаторите „Театроск“ кои стојат за овој настан.
Пораката на фестивалот е: доста е и нека заврши.