Во тек е протестот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред Владата. Насобраните граѓани и неколкуте партиски функционери симболично ја блокираат владината зграда, укажувајќи дека нема да дозволат Зоран Заев да си поигра и да ја распродаде македонската иднина и идината на македонскиот народ.
-Излегов и на овој протест за да покажам дека оваа власт треба да си замине, ни рече еден од учесниците на блокадата.
Во моментов имаа и обраќање преку разглас на членови од раководството на партијата. Инаку, денеска ВМРО-ДПМНЕ побара од Зоран Заев јавно да каже за што тајно се преговараше овој викенд во Софија.
Сличен протест на опозиционерите има и пред министерството за надворешни работи. Блокадата ќе трае до 14 часот.