Во изминатото деноноќие во Македонија, 10 лица починаа како последица на ковид-19, додека од направени 2.024 тестирања, регистрирани се 302 нови случаи со корона вирус.
Од починатите, пет се од Скопје, при што најмладиот е на 47-годишна возраст, додека останатите се од Струмица, Струга, Прилеп, Охрид и Гостивар, од 51 до 85-годишна возраст. Еден од ние е од Дом за стари лица во Скопје.
Од новозаразените, повторно најмногу се од Скопје – 165.
Регистрирани се и 444 оздравени пациенти.
Со денешните, вкупната бројка на ковид – дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.193, а на починати 2.841. Од вкупниот број активни случаи 8.515, 4. 658 се во Скопје.