Темен режим Режим на светлина

И македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

Петмина македонски полицајци ќе бидат дел од службите кои во периодот од 11 до 18 јуни во Букурешт, Романија, ќе се грижат за безбедноста на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација.

-Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот, велат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Уште стотина пациенти со ковид се лекуваат во болниците во земјава

Следна објава

Двајца починати и 20 нови заразени - во седум града нема ниту еден активен случај