Да ги анкетираа министрите дали се среќни, а не народот – ќе бевме највесела нација на Балканот

На големо изненадување, едно истражување покажа дека населенито во Македонија е многу несреќно. Изненадувањето сигурно било во Владата од каде безброј пати укажаа дека во земјава се оди на подобро. Ама ете изгледа народот е ситничав, пребирлив…

Теоретичарите обично среќата ја дефинираат како состојба во која луѓето се задоволни со животната состојба, поврзано со чувството на радост, исполнетост и веселба. При ова состојбите коишто се тесно поврзани со неа се здравјето, богатството, сигурноста, љубовта…

Но, за жал, ваквото доживување на среќата во Македонија е ретко присутно. Вчера објавеното истражување на Галуп покажа дека Македонците се чувствуваат како најнесреќни граѓани во балканскиот регион. Меѓу вкупно 137 земји Македонија е рангирана дури на 87-мото место, а блиски до нас според степенот на среќата се Венецуела, Конго и Украина на 92. место. Од земјите во наша близина, Словенија е најсреќна на 22 место.

Зошто македонското население е несреќно? Оние кои одлучуваат за скоро сите пори на општествениот живот уберуваат дека Македонија оди во добар правец. Доволно е само да се потсетиме на една од многуте слични изјави на премиерот Димитар Ковачевски.

-Со успешни политики го заштитивме стандардот на граѓаните и ги ублажиме последиците од кризата. Продолжуваме со успешна трансформација, продолжувата инвестициите, секоја тешка одлука денесе е за подобра иднина на младите утре…, изјавуваше тој.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, често потенцира дека сме „успешна приказна која што може да послужи како модел за другите земји во регионот и пошироко“. Не заостанува, исто така, и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ кој постојано наведува дека овој процес оди успешно…

Но, ете, граѓаните изгледа се пребирливи или им останала навиката од старите лоши времиња да се несреќни? Зарем не го гледаат сегашниот напредок и во образованието и во здравството и во економијата и во…?

Се чини, во анкетата е направен еден пропуст. Требало да бидат анкетирани владините функционери, тие сигурно си се чувствуваат среќни во своите кабинети и службени возила. Па така немаше Македонија да биде толку ниско во регионот по постигната среќа.

Претходна вестДве женски лица од Гостивар се приведени под сомнение за сторени измами
Следна вестПандев: Што да разговарам со претседателот на ФФМ кога тој не разбира ништо за фудбал