Го направија ли предновогодишните прослави своето: Речиси секој четврт казнет возач бил пијан

Возење во пијана состојба вчера бил убедливо најчест собраќаен прекршок што го рарвеле возачите на скопското подрачје. Полицијата денеска соопшти дека од 147 санкционирани возачи во Скопје, 33 биле под дејство на алкохол. Причината за ова веројатно треба да се бара и во предновогодишните прослави коишто се организираат по скопските угостителски објекти. Дел од возачите, очигледно, не водат сметка па по славањето и пиењето на алкохол си седнуваат зад воланот. Но, полицијата си го прави своето со изрекнување на казни.

Инаку, за возење повеќе од дозволената брзина изречени биле четири санкции, а имало и девет мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестСпоред СДСМ коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-Арсовска-Апасиев предизвика катастрофа во Скопје
Следна вестЗарем до сега не беа засукани ракавите во болното здравство?