Граѓани вознемирени поради снимка од момче со пушка пред училиште во Нови Сад

Ново видео од тинејџер со оружје денеска пристигна од Нови Сад во близина на средното музичко-балетско училиште. Граѓаните веднаш ја алармирале полицијата.


На наведената локација полицијата брзо пронашла 11-годишно момче и утврдила дека се работи за играчка. Во конкретниот случај немало елементи на кривично дело.

Две страшни трагедии ја погодија Србија за само два дена. К.К. (13) уби 8 врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“, а синоќа Урош Б. уби 8 лица и рани 14 кај Младеновац.

Претходна вестОдреден 30 дневен притвор за таткото на Коста
Следна вестРаботник на ЕВН тешко повреден при извршување работни задачи