Темен режим Режим на светлина

Казнети 172 возачи во Скопје, 28 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 19 мерки за возење без возачка дозвола и 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за непрописно престројување на возила…, се наведува во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Владата е загрижена што опаѓа наталитетот во Македонија?

Следна објава

Четирите деца од авионската несреќа во Колумбија најдени живи по 40 дена во џунглата во Амазон