Левица бара подигање на споменик за загинатите во терористичкиот напад во Диво Насеље

Од политичката партија Левица побараа подигање споменик на загинатите во терористичкиот напад во Диво Насеље Куманово. Истовремено од оваа партија ја осудија иницијативата на Министерот за Правда Кренар Лога осудените терористи да бидат екстрадирани во косовските затвори.

– На 9-ти и 10-ти мај 2015 година во кумановската населба „Диво Насеље“ се случи терористичкиот напад, во кој осум припадници на полициските сили ги загубија своите животи.

Денес, кога навршуваат осум години од овој настан, на Седницата на Советот во Општина Куманово, од страна на Советникот од Левица – Никола Лазаровски беше поднесена иницијатива за издигање споменик во чест на осумте загинати припадници на специјалните полициски сили.

Воедно, ја осудуваме иницијативата на Министерот за Правда Кренар Лога осудените терористи да бидат екстрадирани во косовските затвори и истата ја оценуваме како омаловажува припадниците на МВР, подгазување на жртвата дадена од полицајците и охрабрување на тероризмот во Македонија!

Од Левица се надеваат дека оваа иницијатива ќе биде прифатена и од останатите советнички групи и политички парти и потсетуваат дека во престрелките животот го загубиле Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Претходна вестСе судрија „пунто“ и „опел“, прегазен пешак во Скопје
Следна вестУставните судии ја аминуваа употребата на прислушуваните разговори како докази