Од вкупно десет скопски општини во дури осум има повеќе од сто активно случаи на корона вирусот, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Според нив, заклучно со вчера општина Чаир е со најмногу заразени – вкупно 421 што е за пет пациенти повеќе отколку во претходниот ден. На подрачјето на Скопје инаку, има 1.862 заразени од вирусот.
По Чаир, најмногу заразени има на подрачјето на Гази Баба – 149 што е за два помалку отколку во средата. Во Аеродром активно случаи се 143 граѓани, а во Сарај и во Бутел по 139. Благо зголемување од двајца новозаболени има во Центар каде вчера бројката стаса до 125 болни, исто колку што има и во Карпош. На територијата на Кисела Вода се евидентирани 107 заболени, а во Ѓорче Петров – 88.
Во Студеничани има 95, Шуто Оризари – 76, Арачиново – 53, Илинден – 30, Петровец – 18, Чучер Сандево – 17, Сопиште – 12, Зелениково-2, Странец – 3 и Нераспределен-5.