По несреќата на камион со 49 мигранти кај Гевгелија: 24 се повредени, од кои 2-ца потешко

Дваесет и четири сиријски мигранти се повредени, од кои двајца потешко, во синоќешната сообраќајна несреќа кај Марвинци, на патот Гевгелија – Демир Капија.  До несреќата дошло кога камион, кој превезувал 49 мигранти, излетал од патот, по што возачот избегал.

За среќа брзо пристигнале екипи на итната помош од Гевгелија кои успеале да интервенираат и да им помогнат на мигрантите.

Дали е фатен возачот на камионот и ќе има ли одговорност за сега не се знае. МВР соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестКога Владата ќе ги укине македонските „даночни оази“?
Следна вестПелистер ќе конкурира на Алпите, само треба да се дадат уште 2-3 ветувања