Нови 600 случаи со Kовид-19 во Македонија, 10 починати

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1.317 тестови, а регистрирани се нови 600 случаи на КОВИД-19. Надлежните информираат дека новозаразените се во: Скопје – 229, Охрид – 46, Битола – 38, Куманово – 35, Прилеп – 30, Тетово – 26, Велес – 25, Кавадарци – 24…

Од вкупниот број на позитивни (600), регистрирани се 134 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 6 починати лица од: по 2 починати лица од Скопје (66г и 75г) и Охрид (83г и 83г) и по едно починато лице од Ресен (72г) и Радовиш (72г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 4 починати лица од: Кочани (85г), Струга (69г), Куманово (72г) и Кичево (62г). Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.07 – 08.08.2022 година.

До сега во земјата се направени вкупно 2.133.045 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.948, бројот на оздравени пациенти е 320.449, на починати е 9.410, а бројот на активни случаи изнесува 4.089 лица.